Научниците откриле дека познато бразилско растение содржи канабидол, состојка која се наоѓа во канабисот.
Бил откриен канабидол во плодот и цветовите на растението Trema micrantha blume, вид грмушка која расте во голем дел од земјата и често се смета за плевел, објаснил молекуларниот биолог Родриго Моура Нето од Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро.
Канабидолот сè почесто се користи за лекување на состојби, вклучително и епилепсија, хронична болка и анксиозност, е едно од главните активни соединенија во канабисот. Меѓутоа, ефективноста на соединението како медицински третман сè уште се истражува.
Истражувачите откриле дека бразилската грмушка содржи канабидол, но не и психоактивната состојка тетрахидроканабидол. Затоа, грмушката би можела да биде извор на канабидол без законските и регулаторните пречки на канабисот. Со други зборови, таа може да биде законска алтернатива на канабисот. Научниците претходно откриле канабидол во слично растение во Тајланд.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay