X
 18.07.2020 Живот

Оваа држава станува засолниште за богатите во случај на апокалипса

Како што бројот на заболени од Ковид-19 продолжува да расте низ целиот свет, Нов Зеланд изгледа сè попривлечен за оние што сакаат да се скријат.

Градот Квинстаун веќе долго време се поврзува со шпекулациите дека богатите Американци градат бункери за апокалипса, но мештаните се скептични, велејќи дека некој би забележал дека се извршува некаква градежна работа.

Компанијата досега продала 1.400 бункери на глобално ниво во своето 18-годишно постоење. Наводно продала само дел од оние во Нов Зеланд, и тоа претежно на американски купувачи, но генералниот менаџер Гери Линч очекува да продаде десетина повеќе оваа година.

- Секој сака свој личен допир, исто како изградба на куќата. Бараат нешто за да ги заштитат своите семејства, нешто што е самостојно и во кое можат да живеат подолг временски период - вели Линч.

Тој вели дека стана потешко да се пренесат неговите целосно конструирани бункери во Нов Зеланд, поради зголемениот интерес и изложеноста на медиуми, а на прашањето дали добил дозвола да ги инсталира засолништата под земја, тој одговара потврдно.

Сепак, мештаните не се убедени дека бункерите се инсталирани во градот со оглед на тоа што постојат малку докази за дозволи, царински записи, извештаи за геотехнички инженеринг или согласности за ресурси.

Царинската управа на Нов Зеланд направила детално пребарување на своите онлајн-записи и евиденции, но не можела да најде никаков договор со компанија „Рајзинг Ес“.

И Окружниот совет на Квинстаун Лејк вели дека во текот на изминатите пет години немало апликации за согласност за ресурси за какви било бункери во областа. Ниту во осум други окружни совети на Јужниот Остров.


- Да бидам искрен, целата ситуација ме засмејува бидејќи јас лично не знам за никакви бункери - вели Џим Булт, градоначалник на Квинстаун Лејк.

Адвокатот Грем Тод вели дека ако биле инсталирани бункери во таа област, голема е веројатноста тој да слушнел за тоа бидејќи преку него одат сите дозволи за градење.

- Мислам дека станува збор за маркетиншки потег - вели Тод.


Но, не е само Квинстаун - се смета дека поголеми бункери има и во Нортленд и Кантербери.

Претходно беше објавено дека компанијата „Вивос“ инсталирала бункер за 300 лица на Јужниот Остров, северно од Крајстчрч. Ова беше изјавено од самиот основач на „Вивос“, Роберт Вицино.

Но, кога медиумите го прашаа за ова тој рече: - Не рековме дека е во Крајстчрч. Среќно ловење!

Поранешниот заменик-градоначалник на округот Квинстаун Лејкс и поранешен комесар за независно планирање вели дека внимателно ги испитал апликациите за согласност за ресурси. Некои од нив вклучувале богати странски партии или нивни адвокати, но кога станува збор за изградба на подземни бункери, тој вели дека никогаш не видел ниту еден доказ.

Сепак, вели дека е можно да станува збор за големи изолирани куќи, со делови под земја.

Агентот за недвижности Бас Смит вели дека идејата за бункерите повеќе е метафора за безбедно засолниште - избор на место кое има сигурна влада, безбедна економија и е оддалечено од сите други земји.

Извор: Nzherald.co.nz
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот