X
 18.07.2025 Живот

Аполо-Сојуз: Вселенската мисија што го зближи светот и стана симбол на мирот

На 17 јули 1975 година, и покрај децениските тензии и разлики за време на Студената војна, САД и СССР започнале заедничка вселенска мисија, која подоцна станала симбол на надежта и соработката.

Во рамките на оваа мисија, американската вселенска капсула „Аполо“ требало да се спои со советската капсула „Сојуз“ во орбитата, на околу 200 километри над површината на Земјата.

Оваа технолошка и дипломатска операција се одвивала токму во моментот кога односите меѓу двете сили почнале да се подобруваат, носејќи нова надеж за подобра иднина.

Милиони луѓе низ светот со воодушевување го следеле историскиот момент на спојување во живо, настан кој не бил само технолошки подвиг, туку и порака за мир и заедништво меѓу две спротивставени страни.


 

Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот