X
 05.10.2017 Живот

Проблемот на Америка со оружјето

oruzje
Фото: Getty Images

Во неделата Америка се соочи со едно од најмасовните пукања во нејзината историја. Во Лас Вегас човек почнал да пука во толпа луѓе што следеле музички концерт, убивајќи повеќе од 50 и повредувајќи над 400.

Пукањето веќе отвори дискусија за контролата на оружјето - нешто што Америка го дискутира по секое масовно пукање. И покрај тоа што оваа земја продолжува да искусува вакви вооружени напади, не се случува ништо - не се менуваат законите и ништо значајно не се презема за да се спречи следниот хорор.

Но зошто ништо не се менува? За да се разбере ова, важно е да се сфатат не само зашеметувачките статистики за сопственост на оружје во Америка туку и уникатниот однос на Америка кон оружјето - за разлика од која било друга развиена земја, и како оружјето игра во политиката на Америка.

1. Проблемот со оружјето во Америка е уникатен


Ниту една друга развиена земја во светот не е ниту близу до истиот степен на вооружено насилство како Америка. Америка има речиси шест пати поголема стапка на убиства со оружје од Канада, седум пати повеќе од Шведска, и 16 пати повеќе од Германија.

5
Фото: UNODC

За да се разбере зошто е така, постои уште една важна статистика: Америка има далеку поголем број оружје во приватна сопственост од која било друга земја во светот. Се проценува дека во 2007 година бројот на цивилно огнено оружје во Америка изнесувал 88,8 парчиња на 100 луѓе, што значи дека имало речиси еден пиштол во приватна сопственост по Американец, а повеќе од еден кај возрасен Американец. Земјата што се нашла на второто место била Јемен, неуспешна држава распарчена од граѓанска војна каде што имало 54,8 парчиња оружје на 100 луѓе.

Ова не значи дека секој возрасен Американец поседува оружје: всушност, оружје поседуваат помал број од американското население.

Овие три основни факти ја демонстрираат уникатната култура на оружје во Америка. Постои многу силна корелација помеѓу поседување оружје и насилство со оружје - истражувачите велат дека е причинско-последична.

2. Повеќе оружје значи повеќе смртни случаи


Истражувањето на оваа тема е прилично јасно. Без оглед на тоа како ги анализирате податоците, повеќе оружје значи повеќе смртни случаи предизвикани од оружје.

3
Фото: Pew Research Center

Ова е очигледно кога ќе ги погледнете податоците од држава до држава во Америка.

И јасно е кога ги анализирате податоците низ развиените земји.

Противниците на контролата на оружје имаат тенденција да укажуваат на невообичаеното насилство со оружје во Америка: на пример, психичката болест. Но, Џонатан Мецл, експерт за ментално здравје од Универзитетот „Вандербилт“, вели дека ова мислење е погрешно. Всушност, луѓето со ментални болести често се жртви, а не сторители на насилството. Да, вистина е дека масовните убијци имаат психијатриски или психолошки проблеми, но Мецл истакнува дека други фактори се подобри предиктори за насилство со оружје: алкохол, дрога, сиромаштија, историја на насилство - и, да, пристап до оружје.

Друг аргумент укажува дека ваквите пукања би биле ретки ако повеќе луѓе имаат оружје, затоа што луѓето би можеле да се одбранат себеси.

Но податоците покажуваат дека ова едноставно не е точно. Високите стапки на сопственост на оружје не ги намалуваат смртните случаи со оружје, туку го зголемуваат бројот на смртните случаи предизвикани од оружје. Додека некои луѓе користат пиштол за да се одбранат себеси од другите, зголемувањето на бројот на оружје предизвикува повеќе насилство отколку што спречува.

Видеото подолу покажува симулација во која луѓето не успеваат да го застрелаат човекот што пука пред да бидат застрелани.



3. Американците ги поддржуваат мерките за ограничување на оружјето, но тие не се преведени во закони


3
Фото: Pew Research Center


Ако ги прашате Американците како се чувствуваат во врска со конкретните мерки за контрола на оружјето, тие често ќе речат дека ги поддржуваат. Според истражувањата, повеќето од луѓето во Америка ги поддржуваат проверките, забраните за продажба на оружје онлајн и слично.

Но зошто овие мерки не се претворат во закон? Затоа што Американците имаат тенденција да ја поддржат апстрактната идеја за правото да поседуваат оружје.

Овој проблем не е само за оружјето. На пример, иако многу Американци не го сакале пакетот „Обамакер“, повеќето од нив ги сакаат специфичните политики во законот за здравствена заштита.

4
Фото: Pew Research Center

Исто така, голем дел од Американците едноставно се противат на законите за контрола на оружјето. И додека оваа група е генерално помногубројна од оние што ја поддржуваат контролата на оружјето, противниците се пострасни за ова прашање отколку поддржувачите - и тие се поддржани од моќно политичко лоби.

4. Лобито за оружје е релативно ново, но моќно

Најмоќната политичка организација кога станува збор за оружје е Националната асоцијација за стрелаштво (NRA). Таа врши голем притисок врз конзервативната политика во Америка.

NRA во минатото повеќе бил спортски клуб отколку сериозна политичка сила која поддржувала контрола на оружјето, па дури и ограничувања поврзани со оружјето.

Револт од 1977 година во самата организација ги смени работите. Како што криминалот се зголемил во 60-тите и 70-тите, така повиците за контрола на оружјето се зголемија. Членовите на NRA биле загрижени дека секое ново ограничување на оружјето на крај ќе доведе до одземање на огненото оружје во Америка.

Оваа приказна е од суштинско значење за да се сфати зошто NRA се противи на регулирање на приватното поседување оружје. Иако низ годините се појавиле неколку кампањи кои се обиделе да ѝ се спротивстават на NRA, никоја кампања не се доближила до влијанието што го има NRA.

5. Други развиени земји имале голем успех со контролата на оружјето

Во 1996 година 28-годишен човек влегол во кафуле во Порт Артур, Австралија, ручал, извадил полуавтоматска пушка и отворил оган врз толпата, при што загинале 35 лица, а биле повредени 23 лица. Ова било најмасовното пукање во историјата на Австралија.

ubistva
Фото: IZA

Австралиските пратеници одговориле со нова легислатива со која забраниле одредени видови огнено оружје. Австралиската влада конфискувала 650.000 пушки преку програма за откуп на оружје, во која го купувала оружјето од сопствениците. Таа воспостави регистар за сите пиштоли што се поседуваат во земјата и барала  дозвола за ново купено оружје.

Резултатот: Стапката на убиства со огнено оружје во Австралија се намалила за 42 отсто во период од седум години по донесувањето на законот, а стапката на самоубиства се намалила за 57 отсто.

6. Иако добиваат големо внимание, масовните пукања се мал дел од сите насилства предизвикани со оружје

ubistva
Фото: Vox


Во зависност од тоа која дефиниција за масовно пукање се користи, постојат стотици масовни престрелки во Америка. Овие настани се катастрофални трагедии за нацијата, а особено за жртвите и за нивните семејства.

Малкумина луѓе знаат дека токму овие престрелки убиваат далеку повеќе Американци отколку масовните. Во 2013 година околу 500 Американци биле убиени во вакви престрелки.

Додека политичарите често се потпираат на масовните пукања како причина за контрола на оружјето, проблемот е поширок.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот