Чарли Чаплин е еден од највлијателните луѓе во историјата на филмот. Тој се појавил во повеќе од 80 филма, а најголем дел од нив биле снимени во ерата на немиот филм. Само во 1914 година Чаплин глумел во 40 филма, а веќе следната година уште во 15. До 20-тите години тој стана првата вистински голема филмска ѕвезда и режисер, а воедно и едно од најпрепознатливите лица во светот.
Благодарение на „Јутјуб“, денес можете да погледнете повеќе од 60 негови филмови онлајн. Погоре е прикажан мини-фестивал со четири негови класични филмови снимени во 1917 година: „Авантуристот“, „Лекот“, „Лесна улица“ и „Имигрантот“. Во продолжение ви нудиме неколку интересни филмови што можете да ги гледате бесплатно. Во архивата има и 4.000+ бесплатни филмови онлајн, и тоа: класични, независни, ноар, вестерн, документарни и други жанрови.
„Напорен ден“, 1915 година
„Кучешки живот“, 1918 година
„Жена“, 1915 година
„Зад екранот“, 1916 година
„Чарли скитникот“, 1915 година
„Дваесет минути љубов“, 1915 година
„Скитник“, 1916 година
„Имигрантот“, 1917 година
„Детето“, 1921 година
„Пожарникарот“, 1916 година
Преостанатите над 60 бесплатни наслови можете да ги погледнете
ТУКА.
Извор:
Open Culture
Фото: Screenshot/YouTube