X
 12.06.2019 Култура

Дали ќе продолжиме да ја гледаме „Приказната на слугинката“?

Повеќето луѓе кои ја гледаат „Приказната на слугинката“ беа бесни по последната епизода од втората сезона.

Зошто Џун не побегна? Зошто се враќаме на почеток? Поголемиот дел од реакциите беа вакви. Со почнувањето на третата сезона, бесот како да исчезна. Првата епизода не е бавна, на повеќе фронтови има динамика што го привлекува гледачот. И потоа повторно исто.

Дали извршниот продуцент Брус Милер го одржа ветувањето дека по разочарувачкото финале од втората сезона, ќе воведе нови предизвици и ќе им се оддолжи на гледачите за трпението што го имале.

Првата епизода од третата сезона нуди динамика и повторно влева надеж дека нешто ќе се промени, ќе експлодира. Гледаме што се случи со Емили и со бебето, како изгледа нервниот слом на Серена и што се случи со Џун откако ја уапсија за бегството. И тоа е тоа.

Повторно ни дадоа надеж, а веднаш потоа нè вратија на долгите, бавни крупни кадари, лицето на Џун со специфична мимика без зборови. Авторите успеаја да воведат нов ветувачки момент - мрежата на Марти кои подготвуваат револуција, а потоа пак нè вратија на Џун која бара помош од моќните луѓе на Гилеад.

- Можеме да си помогнеме една на друга. Не можеме да се потпреме на нив - ѝ вели Џун на Серена, мислејќи на мажите, за потоа да побара помош од Лоренс и Ватерфорд.

Можеби Џун ќе ја научи лекцијата - дека оние кои владеат нема да им помогнат на луѓето кои се обидуваат да си ја вратат слободата. Во овој момент, после трите епизоди, тоа се чини будалесто и оптимистично. Она што публиката го сака, а не го доби, е радикален бунт на жените во Гилеад, пресвртница, хаос.



Aвтор: Ивана Стојанов
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура