X
 18.08.2022 Економија

Американците најмногу, Бугарите најмалку: Колку бензин може да се купи со просечна плата низ светот?

Нови податоци покажуваат колку литри бензин може да се купат со просечна плата во повеќе земји низ светот. САД, Швајцарија и Луксембург се на врвот, додека Турција, Романија и Бугарија се на дното.

Според податоците, Американците може да купат над 3.000 литри бензин со просечна плата. Тоа е 8 пати повеќе од Бугарите, кои може да купат 359 литри бензин со просечна плата.

Во Швајцарија, со просечна плата може да се купат 2.672 литри бензин, во Луксембург 2.388 литри, а во Норвешка 1.745 литри бензин.

Во Германија, жителите може да купат 1.594 литри бензин со просечна плата, а во Малта 1.138 литри.

Во Словенија може да се купат 800 литри бензин со просечна плата, во Хрватска 549 литри, а во Турција 442 литри.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија