X
 18.11.2019 Технологија

Како автоматски да ја избришете историјата на „Јутјуб“?

Мобилната верзија на „Јутјуб“ денес е достапна речиси на секој паметен телефон и таблет. И апликацијата за телефон е добра колку и нејзината десктоп-верзија.

Една од можностите што „Гугл“ ги создаде се однесува на автоматско бришење на историјата на пребарувањето и активноста во самата јутјуб-апликација. Ако не сте знаеле, сите податоци за тоа што сте правеле, гледале и слушале на „Јутјуб“ се зачувани таму засекогаш. Но, добро е што тие податоци можете да ги избришете и на тој начин дополнително да ја заштитите вашата приватност.

Што се однесува до бришењето на историјата на прегледувањата во јутјуб-апликацијата, тоа значи две работи: прво, ќе можете да ја избришете историјата на прегледувањето и историјата на апликацијата. Тука треба да се напомене дека не станува збор само за поставките за приватност; ако ја избришете цела историја на прегледување, тоа ќе значи дека „Гугл“ повеќе нема да може да ја користи таа избришана историја за да ги приспособува видеата што би можеле да ги гледате.

Како автоматски може да се избрише историјата на прегледувања од мобилната апликација на „Јутјуб“?


Ова е корисна можност и добро е што „Гугл“ ја имплементира во својата услуга за мобилни, со оглед на тоа што 50 отсто од луѓето ги гледаат видеата на мобилен.

За да наместите автоматско бришење на историјата, првин кликнете и отворете ја апликацијата од вашиот уред. Кликнете на иконата на корисничкиот профил што се наоѓа во горниот десен агол на екранот и обично е означена со фотографија од корисникот.

- Одете надолу додека не дојдете до нагодувањата на „Јутјуб“. Откако ќе дојдете до оваа опција, кликнете ја.

- Во опцијата одете надолу додека не дојдете до „History and Privacy“. Потребна ви е опцијата „Manage all Activity“.

- Сега треба да се наоѓате во историјата на прегледувања. Со „Choose to delete automatically“ сите податоци од историјата на прегледувања ќе бидат избришани.

- Ако не сакате „Јутјуб“ воопшто да го памети тоа што сте го барале и прегледувале, постои опција и за тоа. Со кликнување на „Change Settings“ и клик на „On“, „Јутјуб“ повеќе нема да ја зачувува историјата на прегледани видеа.

јутјуб

Можете да одредите и колку долго сакате „Јутјуб“ да ја памети вашата историја. Автоматски е одредено „Јутјуб“ да не ја брише историјата воопшто, што значи дека таа е зачувана уште од првиот пат кога сте користеле „Јутјуб“. Ако сакате да го промените ова, имате можност „Јутјуб“ автоматски да го избрише сето она што сте го гледале, а што е постаро од 3 месеци или старо до 18 месеци. Третиот избор е ништо да не поставувате автоматски и сами рачно да ја избришете историјата. Што и да кликнете, изберете „Next“.

Ќе дојдете до страницата на историјата. Овде ќе ви биде објаснето што значи ако вклучите која било од претходните опции. Со кликнување на „Confirm“ ги зачувувате поставките на бришење што сте ги избрале.

Како автоматски да ја избришете историјата на прегледувања од „Гугл“ активности?

За да го направите тоа, прво треба да одите на веб-страницата за историјата на „Јутјуб“, односно „Youtube History“. Внимавајте, треба да сте логирани во сопствениот гугл-профил. Другиот избор е да одите во својата гугл-активност или „МY Google Activity“ и оттаму сами да одете во јутјуб-историјата.

Кликнете на опцијата „Activity controls“. Неа можете да ја најдете на горната лева страна од страницата. Кликнете на икончето „хамбургер“ што се наоѓа во горниот лев агол за да ги проширите опциите од левата страна. Сега одете до „Manage Activicty“. Доколку не сакате „Јутјуб“ воопшто да ја памети вашата историја, можете да го оневозможите „Youtube History“ или можете да означете опција под името „Include YouTube videos you watch“. На овој начин ќе спречите „Јутјуб“ да ја зачувува вашата историја

Од „Youtube History“ кликнете на опцијата „Choose to delete automatically“ што се наоѓа во квадратчето што прикажува колку често била бришена историјата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија