X
 19.02.2015 Живот

Кои се предностите на оптимистите и песимистите?

Дали за вас чашата е половина полна или половина празна? Со ова прашање може да се поделат оптимистите од песимистите. Иако позитивниот став има одлично влијание врз здравјето, сепак и песимизмот има свои предности.

Ова предностите на двата вида на карактери.

Песимисти


- Имаат посилни љубовни врски
- Умерената доза на негативност во љубовната врска може да биде добра работа, тврдат бројни истражувања. Според нив, песимистите имаат посилни врски. Паровите кои се оптимисти веруваат дека проблемите некако ќе се решат без многу да се потрудат. Песимистите имаат пониски очекувања поради што и повеќе се трудат за да успеат.

- Поуверливи се и повеќе продуктивни од оптимистите
- Песимистите секогаш знаат дека нешто може да тргне на лошо и затоа сакаат да се подготват за најлошото сценарио. Тие секогаш размислуваат однапред, планираат и свесни се во извршувањето на задачата. Исто така, тие подобро се подготвуваат отколку оптимистите.

- Играат на сигурно - Оптимистите се склони кон ризик, додека песимистите играат на сигурно. Тие донесуваат одговорни одлуки, затоа што секогаш сакаат да бидат чекор напред. Тие сакаат работите да ги држат под контрола.



Оптимисти

- Имаат поздраво срце - И додека песимистите имаат поуспешен љубовен живот, оптимистите имаат подобро здравје. Тие два пати поретко имаат проблеми со срцето отколку песимистите, потврдува истражувањето направено на 5.000 луѓе кое траело 11 години. Исто така, тие поретко имаат проблеми со холестеролот и покачениот шеќер во крвта.

- Имаат посилен имунитет - Позитивниот став одлично делува врз имунолошкиот систем, а истражувањата потврдуваат дека оптимистите се поотпорни на болестите отколку песимистите.

- Поотпорни  се на болести и стрес -
За разлика од песимистите, оптимистите полесно се опоравуваат од проблемите. Тие не се обвинуваат себеси што не ја добиле работата, туку во тоа гледаат можност нешто да поправат. Песимистите сето тоа го анализираат и веројатно ќе се обвинат себеси.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот