X
 19.02.2020 Технологија

Македонски телеком: Не одговарајте на пропуштени повици од непознати броеви за да избегнете злоупотреба

Македонски телеком ја информира јавноста дека во текот на денешниот ден се регистрирани повици од непознати дестинации кон наши корисници чија цел е да се генерира непотребен сообраќај. За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокира непознатите броеви и го оневозможи избирањето кон овие дестинации.

Апелираме корисниците постојано да бидат внимателни и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви, со цел за да се избегнат злоупотреби и дополнителни непредвидени трошоци.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија