X
 19.04.2018 Живот

Осум километри пешачење за да стасаат до градинка

Живота Јовиќ има 42 години и живее во куршумлиското планинско село Сеоце во Србија. Тој е татко на две девојчиња и секој ден заедно со нив пешачи до Куршумлија за да ги однесе во градинка, која од селото е оддалечена околу 40 километри.

Домот на Јовиќ се наоѓа во планинското село, каде што тие немаат соседи, а Живота секое утро заедно со ќерките Тамара и Теодора, кои некогаш ги носи в раце, минува по осум километри додека да стаса до асфалтиран пат затоа што нема автобуски превоз.

- Тешко ми паѓа сето тоа. Ги носам двете, едната, па другата, па потоа малку одат сами. Плачам цел пат, ја вртам главата да не ми ги гледаат солзите. Кога ќе стасаме до асфалтираниот пат, чекаме да наиде каков било превоз. Секој сака да нè вози, главно дрвосечачи со камиони - раскажува Јовиќ.


Фото: Mondo.rs

Тој додава дека секој ден двете ќерки ги чека пред градинката во Куршумлија, по што повторно по истиот пат ги враќа во Сеоце.

Мајката Сања Јовиќ вели дека секој ден нетрпеливо ги чека да се вратат во селото.

- Речиси никогаш не стасале пред да се стемни. Ме мачат секакви мисли, да не наишле на волк или на дива свиња, сè има тука, па сама тргнувам да ги пресретнам во шумата - вели таа.

Јовиќ велат дека барале помош, но дека се завршувало само со ветувања. Додаваат дека барале станбен простор во Куршумлија или превоз за девојчињата, но и помош во храна. Тие живеат во стара куќа, а преживуваат од дневниците што Живота ги заработува во викендите, кога девојчињата не одат на училиште или кога се на распуст, додека во текот на летото работат на плантажа со малини.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот