X
 15.08.2019 Живот

Љубица Димовска, дефектолог: Инклузивните игралишта се првото место каде што се учи дека другарчето со попреченост е личност, а не проблем

Периодов е доста актуелна темата инклузија, меѓутоа, временската рамка на која таа се однесува е многу поместена - нанапред. Инклузијата не започнува во училиштето. И доколку е така, таа се одвива многу тешко, бавно и со голем отпор од сите учесници во неа. За да ја направиме инклузијата спонтана, бидејќи таа е природен и нужен процес, треба да се вратиме многу наназад, на самиот почеток кога семејството се соочило со фактот дека има дете со развојни тешкотии. Потребно е да му се даде вистинска поддршка и инструкции што да преземе и како да го подобри квалитетот на животот на своето дете, како да го одржи и негува интегритетот на семејството и што е можно побрзо да го вклучи детето во пошироката средина, односно да не навлезе во затворениот круг на изолација.

Инклузивните игралишта се места кои се достапни за сите деца независно од нивните способности.


Ставот на Љубица Димовска, дефектолог, прочитајте го на Деца.мк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот