За љубителите на фоторепортерството, чекањето заврши. Годишниот светски фотонатпревар штотуку ги објави победниците за 2021 година.
Како најистакнат светски натпревар за меѓународно фоторепортерство, натпреварот ги привлекува најквалитетните.
Данскиот фоторепортер Мад Нисен ја освои главната награда: неговата потресна фотографија од ковид-пријателска прегратка во Бразил ја освои наградата Светска фотографија на годината.
На фотографијата на Нисен е прикажана 85-годишна жена во Бразил која ја користи познатата „завеса за прегратки“ за да ѝ овозможи физички контакт со човекот што се грижи за неа.
- Оваа слика од Ковид-19 ги фати најневообичаените моменти во нашите животи - вели Кевин Вај Ли, фотограф, креативен режисер и член на жирито на натпреварот.
- На фотографијата гледам ранливост, најблиски, загуба и разделба, пропаст, но што е најважно - и опстанок - сето тоа во една графичка слика. Ако ја гледате сликата доволно долго, ќе видите крилја: симбол на лет и надеж - вели тој.
Италијанскиот фотограф Антонио Фачилонго ја освои наградата
Светска фотоприказна на годината за неговата работа во врска со
израелско-палестинскиот конфликт.
Низ широк спектар на категории, од најнови вести, спорт, до природа, фотографиите беа наградени или за еден кадар или за една фотосторија. Победничките фотографии ткаат приказни за животот во текот на минатата година, со сеприсутните маски за лице кои се појавуваат на многу фотографии.
Експлозијата на пристаништето во Бејрут и пожарите во Бразил се само некои од големите вести што доживеаја визуелна победа. Но, надвор од овие стории, фоторепортерите покриваа други што заслужуваат поширока публика. Борбата за трансродовите права во Русија, кризата со храна во Јемен и конфликтот меѓу Азербејџан и Ерменија се дел од темите што заслужено беа истакнати.
Во полето во кое, за жал, доминираат мажи, две жени беа наградени со врвни награди за нивната работа. Ами Витале освои прво место во категоријата „Природа“ за нејзината фотографија од загрозена жирафа која се пренесува на безбедно. Овие жирафи во Западна Кенија морале да се преместат поради поплава.
Евелин Хокштајн, фоторепортер од Америка, ја освои наградата во категоријата „Најнови вести“ за фотографија од жена и маж кои се во конфликт околу отстранувањето на Меморијалот за еманципација во Вашингтон.
Со толку многу визуелни содржини достапни на јавноста во секое време, овој натпревар е начин да нè потсети на тоа колку се важни професионалните фоторепортери - не само за квалитетот на нивната фотографија, туку и за нивната храброст за одење до екстремност за споделување вести со светот.
Останатите фотографии можете да ги погледнете во
ГАЛЕРИЈА.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
World Press Photo