X
 19.04.2023 Технологија

Следете го во живо лансирањето на најголемата ракета во светот

Вселенската компанија „Спејс-екс“ утре ќе се обиде да ја лансира најголемата ракета во светот, „Старшип“. Првиот обид за лансирање на ракетата на 17 април беше одложен поради проблем со горивото.

Новиот обид за лансирање на „Старшип“ е закажан за утре, со почеток во 15:28 часот според средноевропско време. Преносот во живо ќе почне 45 минути порано, односно во 14:45.

Може да го следите лансирањето на ракетата преку веб-страницата на компанијата или на нејзиниот канал на „Јутјуб“, односно на видеото во продолжение.


„Спејс-екс“ планира да го лансира прототипот на својата ракета за да го тестира новиот систем за лансирање кој е создаден за да биде користен повеќепати. Ракетата е висока 120 метри и е највисока и најмоќна во светот. „Спејс-екс“ планира да ја користи оваа ракета за да испрати астронаути на НАСА до Месечината во 2025, како и за приватни вселенски летови.

Извор: Space
Насловна фотографија: SpaceX
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија