X
 19.05.2018 Живот

Три знаци дека некој ресторан е лош

За време на снимањето на „Кујнски кошмари“, искусниот готвач Гордон Рамзи смета дека развил единствена вештина - научил да предвиди дали ќе јаде ужасен оброк пред воопшто да го добие јадењето.

- Една работа што секогаш ме предупредува кога одам во ресторан е слободната маса. Кој било добар ресторан мора да биде 98 отсто полн. Доколку влезете во некој ресторан и веднаш добиете маса, нешто не е во ред со него - вели Рамзи.

ramzi

Освен тоа, Рамзи вели дека ресторанот не може да има 27 специјалитети, туку треба да има едно или два посебни јадења дневно.

- Ако има 27, по што се посебни? - прашува тој.

Третата работа што ја навел е „супа на денот“ велејќи дека лошите ресторани два дена по ред имаат исто јадење во оваа категорија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот