X
 19.05.2024 Живот

За научниот труд на студентот Христијан Стојановски, уметницата Ангела Петрушевска, актерот Стефан Николовски... Што пишувавме неделава?

Студентот Христијан Стојановски од Високата медицинска школа во Битола ги истражуваше повредите кај професионалните ракометари

Потребно е да се обрне повеќе внимание на превентивата од повреди кај ракометарите, покажа истражувањето на Христијан Стојановски, студент на Високата медицинска школа во Битола, кој за време на изработката на оваа научна студија беше и член на физиотерапевтскиот тим во ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“. Под менторство на Денис Арсовски, предавач на Високата медицинска школа, преку детален преглед и анализа ги истражи зачестеноста и природата на повредите кај 20 професионални ракометари од овој клуб.

Ангела Петрушевска, уметник: Стрипот може да ја разбуди љубовта кон уметноста кај децата

Стрипот како деветта уметност е меѓу најстарите визуелни медиуми во светот, а доказ за неговата моќ е тоа што и големиот Пабло Пикасо од својата муза Гертруде Стајн добивал стрипови во кои наоѓал инспирација за некои од своите големи дела. На младата уметница Ангела Петрушевска (19) не ѝ треба инспирација од стрипот затоа што таа самата го создава, ги создава визуелните приказни со својот талент за цртање и го користи за борба против стереотипите и дискриминацијата.

Интервју со Стефан Николовски, актер: „Уметноста не познава граници, сите се смееме и плачеме на ист јазик“

Младиот актер и стендап-комичар Стефан Николовски од Велес стана вистински хит на социјалните мрежи креирајќи видеа во кои ги имитира најпознатите политичари. Тој е дел до новата генерација дипломирани актери на Факултетот за драмски уметности кои од мали нозе сонувале да бидат актери. По четири години откако петгодишниот Стефан ѝ кажал на наставничката во забавиште дека ќе стане актер, неговиот сон се остварил и го глумел малиот Орест во грчка драма на Фестивалот на античка драма во Стоби. Оттогаш адреналинот и тремата пред настап му се чувство кое не сака никогаш да го напушти.

Големите градови губат и по сто првачиња, а во паралелките во руралните општини учениците се бројат на една рака

Речиси во сите општини каде што има етничко македонско население бројот на основци бележи драстично намалување, па општинските совети мора да даваат согласност да се оформуваат паралелки со помал број од законски дозволениот.

Издвојуваме

Живот