X
 19.06.2020 Живот

Дали модерниот свет е понасилен? Нова студија го има одговорот

Нова студија направена од математичари од Универзитетот во Јорк, Англија, користи нови техники за да го сврти вниманието кон долготрајната дебата за тоа дали смртните случаи од борбите опаѓаат на глобално ниво од крајот на Втората светска војна.

Статистичката анализа била направена на сетови податоци за глобалните стапки на смртност од борби кои датираат дури од наполеонските војни.

Тимот направил анализа на јавно достапни податоци за глобалните бројки на смртни случаи во борби и утврдил дека покрај фактот дека првата половина од 20 век била одбележана од период со големо насилство, светот станал помирен во изминатите 30 години.

Истражувачите усовршиле алгоритам за точно детектирање на точки во податоците каде што има промени во големините на војните. Нивните резултати сугерираат дека имало видлив почеток и крај на крвопролевањето од 1910 до 1950 година. Потоа, почнувајќи од раните 90-ти, има нагло преминување кон поголемо ниво на мир.

- Прашањето дали светот денес станал повеќе или помалку опасен е прашање на жестока дебата меѓу историчарите. Нашата студија е обид за посветување внимание на тоа прашање чисто од перспективата што може да ни кажат податоците - вели коавторот на студијата, професорот Нaјл Мaккaј од одделот за математика при Универзитетот во Јорк.


Тој додава дека промената кон подобро што ја открила нивната анализа во текот на изминатите 30 години може да е поради напорите за одржување на мирот на глобалните организации, како Обединетите нации и зголемената соработка меѓу нациите.

Техниката што ја користеле математичарите оригинално била развиена од страна на истражувачите на Универзитетот „Ланкастер“. Таа им овозможила на авторите и да нагласат друга нагорна промена во насилството во 30-тите години на 19 век. Иако историските причини за ова се помалку јасни, тие посочуваат дека може да е делумно поради брзиот раст на бројот на населението на почетокот од 19 век, што довело до поголема веројатност дека некое лице ќе умре во конфликт.

Истражувачкиот тим нагласува дека сетовите на податоци за смртните случаи од борбите што тие ги користеле не се совршени. Меѓу мааните што ги посочуваат е и фактот дека може да се евроцентрични.

- Иако има маани, нашата анализа обезбедува методологија за идни истраги и емпирична основа за политички и историски дискусии - вели Бренен Фаган, докторанд на одделот и водечки автор на студијата.


Извор и насловна фотографија: Interesting Engineering
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот