На Водно денеска почна да се снима краткометражниот игран филм „Вера“ по режија и сценарио на актерката Верица Недеска. Приказната е за младата Ника, која се наоѓа пред тешка дилема – дали да го роди бебето или да ја прекине бременоста. Тогаш ја среќава Вера, заборавена актерка која сака да умре.
- Приказната отвора едно силно морално прашање за евтаназијата и за преземањето одговорност како индивидуа – велат од Агенцијата за филм.
Филмот го финансира Агенцијата за филм и е копродукција меѓу „Стори Скоп“, „Фокус Покус Филмс“ и Филмската академија ФИОФА од Охрид. Продуцент е Дарко Попов.
Главните улоги ги толкуваат Сабина Ајрула и Симона Димковска, а учествуваат глумците Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева, Ристо Стефановски и Верица Недеска. Кастингот е на Драгана Милошевска-Попова. Кинематографер е Димо Попов, Жаклина Крстевска е костимограф, Анастасија Јордановска е одговорна за шминка, Дејан Спасовиќ е сценограф, а Гоце Миланоски - монтажер.