X
 12.11.2018 Култура

Најдобриот филм за изминативе 30 години

Уште од создавањето на филмот се поставува прашањето кој е најдобар филм во историјата. Постојано се создаваат листи, а неодамна таква листа направи и „Шоукејс синема“.

Оттаму ги прашале љубителите на филмови кои се најдобри за изминатите 30 години, а повеќето од нив го посочиле „Бегство од Шошенк“. Според оваа анкета, најдобар актер е Том Хенкс, а најдобра актерка Џуди Денч.

Втор на листата со најдобри филмови е „Титаник“, а трет „Форест Гамп“.

Листата со топ-10 филма изгледа вака:




1. „Бегство од Шошенк“
2. „Титаник“
3. „Форест Гамп“
4. „Паркот Јура“
5. „Шиндлеровата листа“
6. „Кралот лав“
7. „Умри машки“
8. „Евтини приказни“
9. „Денот на независноста“
10. „Гладијатор“

Освен филмови, испитаниците одговориле на прашањето кој е најдобар актер и која е најдобра актерка за изминативе 30 години. Титулата најдобар актер му припадна на Том Хенкс, а за најдобра актерка на Џуди Денч.

Најдобар актер:


1. Том Хенкс
2. Џони Деп
3. Морган Фриман
4. Леонардо ди Каприо
5. Лиам Нисон
6. Идрис Елба
7. Мајкл Кејн
8. Том Круз
9. Семјуел Л. Џексон
10. Џорџ Клуни

Најдобра актерка:


1. Џуди Денч
2. Џулија Робертс
3. Мерил Стрип
4. Кејт Винслет
5. Камерон Дијаз
6. Џенифер Лоренс
7. Хелена Бонам Картер
8. Анџелина Џоли
9. Никол Кидман
10. Натали Портман

Беа избрани и најдобри филмски франшизи
:

1. „Хари Потер“
2. „Господар на прстените“
3. „Џејмс Бонд“
4. „Приказна за играчките“
5. „Војна на ѕвездите“
6. „Борновиот идентитет
7. „Пиратите од Карибите“
8. „Игрите на гладните“
9. „Шрек“
10. „Одмаздници“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура