X
 19.08.2020 Образование

Мила Царовска – предлог за нов министер за образование и наука

Мила Царовска да биде нов министер за образование и наука одлучиja социјалдемократите, а Централниот одбор на партијата тоа формално да го потврди на вечерашната седница за кадровските решенија од СДСМ во новата Влада. Таа треба да ја преземе функцијата од сегашниот министер Арбер Адеми.

Царовска од 4 јануари годинава е заменичка на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, а претходните три години ја извршување функцијата министер за труд и социјална политика.

Мандатарот Зоран Заев во рок од 20 дена од денот кога му беше доделен мандатотот на Собранието треба да му ги достави составот и програмата на владиниот кабинет.
Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Фото: vlada.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование