X
 19.11.2018 Живот

Студентите од „Кузман“ петти ден без топла вода и без греење

Студентите од студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје петти ден немаат топла вода и парно греење. Причината е од технички карактер. Како што ни објасни директорот на Студентски дом, Дарио Николовски, проблемот настанал откако била направена нова нарачка на мазут. Било утврдено дека станува збор за неквалитетен мазут, во кој имало несоодветна состојка и затоа била стопирана и водата.

- Јас веднаш реагирав кај фирмата добавувач да дојдат и да го извлечат мазутот, кој во меѓувреме им направи проблем на пумпите. Денеска треба да се сретнеме со претставници на студентите, тие се целосно во право што реагираат. Се надевам дека најдоцна до вечер ќе се надмине проблемот - вели Николовски.

Тој објаснува дека веќе е подобрена храната во овој дом, каде што студентите се жалеа дека речиси секој ден се јаде иста храна, најчесто инстант-пире.
Денеска во 16 часот Николовски треба да се сретне со претставници на студентите и да поразговараат за проблемите.


Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот