X
 19.11.2022 Живот

Соларно невреме предизвика розова аурора бореалис во Норвешка

Туристичкиот водич Маркус Варик неодамна забележал нешто уникатно на небото над Норвешка. На почетокот од ноември небото над градот Тромсе било осветлено со розови линии.

Варик видел розови аурори претходно, но тие никогаш не биле толку светли. Варик работи како водич за аурора бореалис во компанијата „Гринландер“.

Тој направил фотографии кои ја покажуваат интензивноста на бојата на небото. На фотографиите може да се забележат траги од зелена боја, но поголемиот дел од небото е осветлено во розова боја.


Феноменот бил резултат на силно Соларно невреме кое привремено го нарушило магнетното поле на Земјата во тој предел. Затоа, Соларниот ветар влегол подлабоко од обично во Земјината атмосфера и стигнал до место каде што главен елемент е азотот. Атомите на азот испуштаат розов сјај кога се наелектризирани.

Извор: My modern met
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот