X
 19.12.2019 Технологија

Отсега „Инстаграм“ ќе ве предупредува пред да поставите навредлива содржина

За да им излезе во пресрет на корисниците, „Инстаграм“ најави уште една опција во рамките на своите апликации што ќе помогне да се спречи поставување на пораки што би можеле да се сметаат за навредливи.

Пред неколку месеци „Инстаграм“ воведе алатка што ги известува луѓето кога нивните коментари би можеле да бидат навредливи, пред да бидат поставени. Алатката користи вештачка интелигенција за да открие потенцијално навредливи наслови.

Оние што ќе напишат таква порака ќе добијат кратко известување дека нивниот наслов е сличен на оној што се пријавува како малтретирање и им се советува да размислат за својата порака. „Инстаграм“ ќе им дозволи на корисниците да ја променат пораката пред да ја испратат, доколку е означена како потенцијално навредлива.

Новата опција е наменета за едукација на инстаграм-корисниците и превенција да не ги изгубат профилите поради прекршување на правилата. Оваа опција ќе биде достапна во апликациите во наредните месеци.

poraka tito
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија