X
 19.12.2022 Забава

Тајни за кралското семејство што се откриваат во документарната серија „Меган и Хари“

Документарната серија „Меган и Хари“ на „Нетфликс“ откри повеќе работи за животот на кралското семејство на Обединетото Кралство. Меѓу другото, се дозна дека медиумската служба на семејството некогаш пласира тајни вести и постои протокол за бои кои е дозволено да се носат.

Членовите на кралското семејство може да имаат тајни профили на социјалните мрежи

Хари и Меган се поврзале преку „Инстаграм“, преку заеднички пријател. Во серијата се открива дека Хари имал приватен профил на мрежата кој Меган почнала да го следи набрзо по нивното запознавање.

Меган не добила обука за следење кралски протоколи

Меган не добила формална обука за следење кралски протоколи откако го запознала принцот Хари. Таа открила дека самата требало да научи многу работи.

Постојат бои што не треба да се носат

Дамите во кралското семејство не смеат да носат одредени бои при официјални посети за да немаат сличен изглед како членови со повисок ранг. Затоа, Меган ретко носела облека во боја и се одлучувала за неутрални нијанси.


Постарите членови ги контролираат финансиите на помладите

Хари открил дека е нормално одредени членови на семејството да имаат финансиска контрола врз други членови. Тој открил и дека неговите финансии биле под контрола на неговиот татко.

Семејството пушта приказни за да заштити други членови на семејството

Хари открил дека во кралското семејство има повеќе канцеларии кои работат за да заштитат различни членови на семејството. Понекогаш, одредени тимови разменуваат приказни и откриваат тајни за други членови за да ги заштитат своите претпоставени.

Хари открил и дека заедно со Вилијам направиле пакт да не разменуваат приказни за себе и затоа бил разочаран кога канцеларијата на Вилијам го прекршила договорот. Хари додал дека канцеларијата на Вилијам пуштала вести за него и Меган.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава