X
 20.01.2025 Наука

Реката Амазон некогаш течела во спротивна насока

Геолошките истражувања откриле дека пред милиони години текот на Амазон бил обратен - од исток кон запад. Реката Амазон, најголемиот речен систем во светот, не секогаш течела кон Атлантскиот Океан.

Геолошкото истражување открило дека пред милиони години, текот на оваа река бил обратен - од исток кон запад, кон Тихиот Океан. Ова неверојатно откритие го направил геологот Расел Мејпс од Универзитетот во Северна Каролина. Анализирајќи ги седиментните наоѓалишта, тој забележал присуство на циркон – минерал кој потекнува исклучиво од источниот дел на Јужна Америка, на локации во центарот на континентот.

- Староста на минералните зрна укажува на специфични извори во Источна и Централна Јужна Америка - истакнал Мејпс.

Експертите веруваат дека овој неверојатен пресврт се случил поради тектонските промени. За време на геолошкиот период креда, пред 65 до 145 милиони години, имало планини во североисточниот дел на Јужна Америка кои ја насочувале реката кон запад. Но, ерозијата на таа планина и последователното издигнување на Андите драматично го промениле наклонот на теренот.

- Амазон има многу благ пад, што значи дека и најмалите промени во релјефот можат да предизвикаат значителни промени во текот на реката - објаснува Дру Колман, ментор на Мејпс.

Според Мејпс, овој пресврт веројатно се случил во изминатите пет до десет милиони години - неверојатно брз во геолошка смисла.

Иако сè уште се проучуваат точните механизми за превртувањето на Амазон, новите наоди нудат убедлив доказ дека моќната јужноамериканска река претрпела драматични трансформации во текот на нејзината геолошка историја.

Извор: 6yka.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука