X
 20.03.2021 Забава

Жители на Тајван си го менуваат името за бесплатно суши

Управите за вадење лични карти во Тајван биле полни со луѓе што сакале да го сменат името за да го содржи зборот „лосос“ на нивната лична карта, пренесува „Инсајдер“, повикувајќи се на локални медиуми. Овие луѓе се надеваат дека ќе добијат бесплатно суши во синџирот ресторани „Акиндо суширо“ бидејќи од компанијата што ги води рестораните изјавиле дека ќе им дадат бесплатни оброци на сите гости што во името го имаат зборот „лосос“.

Станува збор за привремена акција, а гостите со вакво име треба да покажат лична карта за да добијат бесплатен оброк. Има акција и за оние што во името имаат збор што се чита исто како „лосос“, но се пишува различно. Овие гости ќе добијат 50% попуст на оброкот.


Фото: Pixabay

Помеѓу лицата што го смениле името за бесплатен оброк има и студенти кои планирале да го вратат старото име следниот ден, по оброкот, но и лица што изеле храна вредна околу 500 долари во една вечер по менувањето на името.

Од синџирот ресторани изјавиле дека 28 луѓе добиле бесплатни оброци до средата, а во сите акции учествувале 1.000 луѓе.

Во Тајван граѓаните плаќаат околу 3 долари за нова лична карта и извод по менување на името. Граѓаните на Тајван може да го менуваат името најмногу три пати.

Автор: Шерил Тех
Извор: insider.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава