Што значи да се биде среќен? - Додека овие 6 збора ги мачат филозофите со векови, како и многу работи во животот, постои антички аспект на ова прашање, но модерен научен одговор.
А она што науката го кажува како одговор на прашањето: „Што значи да се биде среќен?“ е вкоренето во децениско психолошко истражување.
Сега сите можете да дознаете нешто повеќе за науката за среќата преку онлајн-курсот „Наука за среќата“ што го нуди Универзитетот „Беркли“.
Напишан и предводен од професорите по психологија Дачер Келтнер и Емилијана Сајмон-Томас, курсот ги истражува основите на среќниот и значаен живот преку воспоставени и авангардни истражувања во природата на среќата.
Лансиран во 2014 година, „Наука за
среќата“ вклучува интересни видеопредавања, истакнати гости, активности за вежбање на среќата и материјали за читање.
Претходните учесници на курсот изјавиле дека нивните позитивни чувства растеле колку подолго останувале на курсот.
- 120.000 студенти од целиот свет, кои претставуваат 208 земји, гледаа внимателно направена серија на видеа од мене и од Дачер Келтнер кои ја покриваат науката за поврзаност, сочувство, благодарност и друго - пишува Сајмон-Томас.
- Клучниот увид што произлегува од оваа работа, земајќи предвид повеќе методи и перспективи, е дека среќата зависи од силата и автентичноста на социјалните врски на една личност, нејзината способност за човечка љубезност и конструктивната улога во значајна заедница - додава таа.
Фото: Screenshot/YouTube