Мотивирачки цитати од Мартин Лутер Кинг Џуниор кои можат да помогнат да ја вратите позитивната енергија во вашиот живот.
- Темнината не може да ја избрка темнината; само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја избрка омразата; само љубовта може да го направи тоа.
- Одлучив да се држам до љубовта. Омразата е преголем товар за носење.
- Љубовта е единствената сила што може непријателот да го претвори во пријател.
- Верата е кога ќе го направиш првиот чекор, дури и кога не ги гледаш скалите.
- Нашиот живот завршува во оној момент кога ќе почнеме да молчиме за работи што се важни. На крајот, нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молчењето на нашите пријатели.
- Ако не можеш да леташ, тогаш трчај; ако не можеш да трчаш, оди; ако не можеш да одиш, ползи - но што и да правиш, продолжи да се движиш напред.
- Само во мракот можете да ги видите ѕвездите.
- Не дозволувај никој да те повлече толку ниско за да почнеш да мразиш.
- Интелигенција плус карактер - тоа е целта на вистинското образование.
- Човек што не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен ни да живее за нешто.
- Оној што пасивно го прифаќа злото, е исто толку вмешан како и оној што го создава.
- Најважното прашање во животот е: „Што правиш за другите?“
- Секогаш е вистинско време да се направи вистинската работа.
- Никогаш не заборавајте дека она што Хитлер го правеше во Германија беше легално.
- Ништо не се заборава побавно од навредата, а побрзо од добрината.
- Мојата најголема трагедија не е ако умрам гладен, туку ако доживеам 75 години, а не сум живеел навистина.
- Мора да прифатиме конечни разочарувања, но никогаш да не изгубиме бесконечна надеж.
- Моралниот лак на универзумот е долг, но се наведнува кон правдата.
Извор:
Quotepark.com
Фото:
Wikipedia