X
 20.07.2017 Култура

40 часа видеа од планетата Земја што ќе ви го одземат здивот

Ако обожавате да гледате прекрасни предели од нашата планета Земја, па макар и електронски, за вас имаме одлична вест. Би-би-си на „Јутјуб“ постави 40 часа видеа со фантастични предели снимени за време на документарната серија „Планетата Земја 2“.

Со видеата ви е овозможено да гледате неверојатни предели од Земјата во времетраење од еден и пол ден. Секое од четирите видеа обработува различна тема.



„Летајте над врвовите и претопете се во ова возвишено живеалиште што го бакнува небото“, велат од Би-би-си.

Серијата визуелни снимки содржи и 10 часа пустински пејзажи, 10 часа бучна џунгла, 10 часа островски скривалишта и 10 часа планински врвови.



Сето тоа е дел од „Проектот за вистинска среќа“, основан на студија која Би-би-си ја објави претходно годинава во соработка со Универзитетот во Калифорнија – во која е дојдено до заклучок дека кога луѓето гледаат документарци за природа, тие се посреќни.

Оваа студија вклучила 7.500 учесници, но ако не им верувате на нивните наоди, погледајте некое од видеата и проверете дали тоа важи за вас.



Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура