X
 20.08.2020 Живот

Оваа веб-страница ви овозможува да уживате во погледот од прозорците на луѓето низ светот

Како што љубителите на патувањата насекаде се обидуваат да најдат некаква занимација додека седат дома, голем број веб-страници на читателите им нудат виртуелно бегство.

Така, веб-страницата наречена „Виндоусвап“ ви овозможува да гледате низ живописните погледи од прозорците на другите луѓе во светот. Прегледите се видеа (со звук), така што добивате чувство како да сте таму. Само кликнете „Open a new window somewhere in the world“ да се префрлите во нова локација. Можете и вашиот поглед да го споделите со другите.

Според основачите на веб-страницата, ова е место каде што непознати луѓе можат да разменуваат погледи од нивните прозорци за да си помогнат едни на други да се чувствуваат малку подобро. Со меѓународните ограничувања за патниците, ова сигурно ни овозможува барем малку да ја задоволиме нашата страст за откривање нови места. TУКА можете да погледнете различни погледи од прозорци низ светот.

Од градските улици во Истанбул до селата во Австрија, ова се најубавите погледи од прозорец од целиот свет.


Извор: Popsugar.com
Фото: WindowSwap
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот