X
 20.09.2018 Забава

Месечината е вечно почивалиште за американски научник

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и топче за голф.. На Месечината се наоѓа и пепелта од американскиот научник Јуџин Шумејкер - првиот човек погребан на нашиот природен сателит.

Пепелта од покојниот астрогеолог е поставена во посебна „споменик-капсула“, која во 1998 со сонда беше лансирана на Месечината. Кратерот каде што паднало леталото е наречен Кратер на Шумејкер. Идејата да почива на Месечина не била негова, туку на негов студент.

Следуваат уште неколку занимливости за Месечината што можеби не сте ги знаеле...

Таа се оддалечува од нас

Секоја година Месечевата орбита се оддалечува од Земјата за околу четири сантиметри. Тоа значи дека на нашите внуци ќе им изгледа сè помала и помала, додека сосема не исчезне.

Полната Месечина не ни дозволува да заспиеме

Истражување на швајцарски научници посочува дека луѓето под полна месечина не спијат така длабоко, лачат помалку мелатонин и заспиваат пет минути подоцна од вообичаено. Сомнологот Мари Думон претпоставува дека тоа се должи на влијанието на зголемувањето на количеството светлина врз нашиот внатрешен часовник.

Фото: Pixabay

Сенките на Месечината се потемни отколку на Земјата

Астронаутите што стапнале на Месечината се сложуваат околу тоа. Тоа е така затоа што таму ја нема атмосферата што ја има на Земјата, која ја разложува светлината.

Месечината има свое сметање на времето

„Годината“ таму е поделена на 12 дена. Секој „ден“ носи име на космонаут што се слетал на неа. Тие „денови“ се делат на 30 „циклуси“, а тие, пак, на часови, минути и секунди. „Ерата“ на Месечината започнува кога Нил Армстронг првпат стапнал на нејзината површина: 21 јули 1969 година, во 02:56:15 часот.

Огромни температурни разлики

Иако Месечината е на речиси исто растојание од Сонцето како и нашата планета, таму температурите варираат многу подрастично - од 90 Целзиусови степени до - 240 степени на половите на вселенското тело. Тоа е така зашто на Месечината нема атмосфера.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава