X
 20.09.2025 Живот

Само највнимателните ќе ја најдат коцката што се разликува

Загатките во стилот „Најди ја разликата“ или „Најди го натрапникот“ станаа вистински хит на социјалните мрежи, а интернет-корисниците уживаат во предизвиците кои ја тестираат нивната внимателност и способност за набљудување. Овие интерактивни загатки не само што забавуваат, туку им овозможуваат на корисниците и да се натпреваруваат кој побрзо ќе ги забележи скриените детали.

Еден таков предизвик привлече големо внимание на „Редит“. На фотографијата има 21 коцка. Навидум сите коцки се со иста големина и облик. Се разликуваат само по броевите од еден до шест. Сепак, тоа не е единствената разлика што треба да се најде. Главниот предизвик е да се открие коцката која потекнува од друг производител и која се издвојува од другите.

Задачата не е едноставна. Корисниците даваа различни одговори. Некои успеаја да ја пронајдат точната коцка, додека други погрешно толкуваа што точно се бара.

Кое е решението?


Необичната коцка се наоѓа на крајната лева страна од сликата и јасно го прикажува бројот три. На прв поглед изгледа како сите други, но сепак се разликува по неколку детали.

1

Главната разлика е што оваа коцка има прав, а не заоблен раб, поради што веднаш се издвојува од стандардните коцки. Исто така, растојанието помеѓу броевите на нејзините страни е поинакво.

Извор: Nova.rs
Фото: Reddit
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот