X
 20.11.2020 Живот

Владата прогласи кризна состојба. Ќе трае 30 дена

Владата на денешната седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на земјава, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест Ковид-19 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена.

-Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради Ковид-19. Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа одлука Владата ќе го извести Претседателот - објави премиерот Зоран Заев.

Што значи кризна состојба?

Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека на располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни болници и приватни поликлиники, како и кадарот кој што таму работи. Тој попладнево имаше работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“.

- Со оглед на тоа што за првпат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш, на формализирање на соработката работат тимовите од Министерството и приватните болници - соопшти Министерството за здравство.

Фото: Влада

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот