X
 20.12.2018 Култура

Зимски фестивал на книгата во ТРИ - книги со сезонски попусти до 50%

Издавачкиот центар ТРИ започна уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата – вистински книжевен празник што секоја година се одржува во книжарниците на ТРИ. Фестивалот е успешна приказна која со години работи на популаризирање на книгата и читањето, како и подарувањето на книгата во пресрет на новогодишните празници. Тоа е и период на промоција на новата издавачка продукција на ТРИ, која вклучува многу врвни изданија од домашната и светската продукција, од етаблирани автори и од автори за кои допрва ќе се зборува.

Фестивалот носи раскошна и разнообразна понуда на книги со сезонски попусти до 50 % на над петстотини изданија на ТРИ, Паблишер, како и на литературата на странски јазик, празнични пакети со книги подготвени за подарување, одлична акција на 5 наслови за 499 денари, како и многубројни интерактивни настани со авторите и членовите на Клубот на читатели на ТРИ.

ТРИ најавува дека ги има сите потребни состојки за книжевен празник. Ви препорачуваме да ги посетите нивните книжарници и да ја погледнете фестивалската понуда која ќе трае до 31 јануари 2019 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура