X
 21.01.2023 Наука

Честото правење на ноктите во козметичките салони може да ја оштети ДНК во вашите раце

Познато е дека ултравиолетовите (УВ) зраци предизвикуваат рак на кожата при висока изложеност, а сепак многу малку безбедносни истражувања се направени на ламбите што се користат за сушење на лакови во козметичките салони.

Сега новото истражување на истражувачите од Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего и Универзитетот во Питсбург во САД откри загрижувачки докази за штетата што овој занемарен извор на радијација може да им ја предизвика на нашите раце.

ЛЕД-сушачите за нокти изгледаат како мали солариуми за вашите раце. Тие користат УВ светлина за брзо сушење на некои видови лакови за нокти.

Сијаличката на ЛЕД-сушачите за нокти е помалку интензивна и има различен УВ спектар од солариумот, но неколкуте зраци што ги испушта сепак лесно продираат во кожата со непознати резултати.

Додека претходните студии покажаа мала или никаква врска помеѓу сушачите за нокти и ракот на кожата на ниво на население, една нова студија за молекуларната страна на нештата покажа некои загрижувачки резултати.

Биоинженерот и главен автор Људмил Александров вели дека пред истражувањето немаше молекуларно разбирање за тоа што овие уреди им прават на човечките клетки.

Наодите од експериментот сугерираат дека УВ-светлината од ламбите за нокти може да ја оштети ДНК на клетките на човекот и глувците на сличен начин.

Кога Петриеви садови од човечки клетки и клетки од глушец биле ставени во сушач за лак по две сесии од 20 минути (одвоени со еден час пауза), околу 20 до 30 отсто од клетките умреле.

nokti
Фото: Freepik

Во меѓувреме, 20-минутна изложеност на ден во текот на три дена, убиле 70 отсто од изложените клетки. За еден маникир, едно лице ги држи прстите под УВ-светлина околу 10 минути. Изложеноста во тековното истражување било екстремно во споредба.

Клетките што останале по целосниот период на изложеност покажале знаци на оштетување на ДНК и мутации поврзани со рак на кожата. Иако овие резултати не даваат директен доказ за зголемен ризик од рак, тие укажуваат дека може да биде присутно значително ниво на ризик.

Александров и неговите колеги бараат соодветни долгорочни епидемоплошки студии за да проценат дали механизмите откриени со тестот може да бидат навистина штетни.

Марија Живагуи, еден од членовите на тимот на Александров, била толку вознемирена од резултатите, што одлучила да престане да прави редовини маникири со гел-лак.

- Откако го видов ефектот на зрачењето што го емитува уредот за сушење, бев изненадена - вели таа.

Таа додава дека е дополнително внимателна и за неа, можните реизици ги надминуваат придобивките. Но, тоа не значи дека секој треба веднаш да престане да прави маникир со гел-лак.

Ризикот од развој на рак на рацете од УВ-ламбите за нокти е многу низок на ниво на популација кај оние помлади од 65 години. Некои истражувачи велат дека маникирот со гел има мал до никаков канцероген ризик.

Но, ризиците за поединци е нешто што научниците не го отфрлаат сосема. Затоа, научниците советуваат оние кои се загрижени да се намачкаат со крема за сончање пред маникирот или да носат ракавици со отвори на прстите.

Додека овие производи се продаваат како безбедни, реалноста е дека многу малку истражувања се направени за нивните здравствени ризици, а студиите на случај не се доволни за да се докаже причината и последицата.

Но, истражувачите ангажирани од компаниите за тестирање производи одговорија велејќи дека не постои причина за загриженост. Дозата на УВ-светлина што се користи за еден маникир е тривијална.

Но, авторите на трудот од 2013 година останаа цврсто на својот став. Тие во објавениот демант истакнаа дека за разлика од другите истражувачи, немале конфликт на интереси и само сакале да ја дознаат вистината.

Објавените мислења засновани на набљудувачки студии направија малку за да го подобриме нашето разбирање за здравствените ризици што ги носи УВ-ламбата.

Извор: Science Alert
Фото:  Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука