X
 21.04.2019 Култура

Откриен бројот на нелегални преземања на новата епизода на „Игра на троновите“

Ноќта спроти понеделникот љубителите на оваа серија низ цел свет со нетрпение ја очекуваа премиерата на осмата и последна сезона. Ејч-би-о објави дека првата епизода од осмата сезона ја гледале дури милијарда луѓе, но многумина ги интересираше колку нелегални преземања имало.

Верувале или не, најновата статистика доаѓа од една од најпознатите антивирусни компании и го покажува следново: првата епизода од осмата сезона е нелегално прегледана 55 милиони пати само во тек од 24 часа, и тоа 12,2 отсто преку преземање и 11,3 отсто преку торент.

- Додека е во тек последната сезона од оваа серија, шокантен е фактот што била пиратирана дури 54.261.910 пати. Дистрибутерите на малвери редовно се обидуваат да ги искористат стандардните категории, а обично првата и последната епизода привлекуваат најголем број гледачи и со самото тоа и вниманието на сајбер-криминалците. Овие хакери сакаат да ги искористат лојалноста и нетрпеливоста на луѓето, па често ветуваат сосема нов материјал за преземање, што всушност е сајбер-закана. За да не станете жртва на некоја непријателска тактика, најдобро е да користите само легитимни извори на содржини - вели Дејвид Ем, главен истражувач за безбедност во компанијата „Касперски Лаб“.

Неодамнешната анализа објавена од оваа руска компанија покажува дека нелегалните преземања на филмови и серии често се користат за да се рашири малвер. Фановите на серијата „Игра на троновите“ се под најголем ризик.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура