X
 21.07.2018 Забава

Хрватска компанија му испрати необичен подарок на Путин

На церемонијата за доделување на медалите на Светското првенство во фудбал во Москва врнеше силен дожд. Додека рускиот претседател Владимир Путин се скри под чадор, францускиот претседател Емануел Макрон и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беа целосно наврнати.

Токму во моментот на доделување на медалите небото над Москва се отвори, а телохранителите на Путин имаа само еден чадор. За да нема повторување на вакво сценарио, хрватската компанија „Киша“ реши во Кремљ да испрати десет чадори.

Инаку, „Киша“ е компанија од Риека која се занимава со производство на паметни чадори кои имаат вграден ГПС и е лесно да ги пронајдете.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава