X
 21.08.2022 Живот

Прекрасна фотографија од Сатурн при неговото најголемо приближување до Земјата

Астрофотографот Ендрју Мекарти направи нереална фотографија од Сатурн викендов.

Мекарти вели дека ја направил фотографијата од покривот на паркинг-гаражата во Јужна Калифорнија.

Тој е познат по тоа што прави фантастични фотографии од небесни објекти и настани. Во минатото има направено успешни фотографии од Месечината, Сонцето и Меѓународната вселенска станица.


Оваа најнова фотографија од Сатурн е една од највпечатливите што ги споделил. Мекарти ја сподели фотографијата на својот твитер-профил и инстаграм-профил и таа веќе привлече големо внимание.

Фотографијата е спектакуларна - ја прикажува планетата со нејзините прстени во целосни детали.

Фотографијата од Сатурн е одличен потсетник за тоа колку е убава вселената.

Извор: Bgr.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот