X
 21.09.2020 Живот

„Наследници“ и „Чувари“ освоија најмногу награди „Еми“

ТВ-сериите „Наследници“, „Шитс крик“ и „Чувари“ се најголемите добитници на овогодишното доделување на наградите „Еми“, кое се одржа онлајн поради пандемијата.

Канадскиот ситком „Шитс крик“ освои девет награди, со што е соборен рекордот во бројот на „Еми“  за комедија. Серијата почна со прикажување во 2015 година, а оваа година беше емитувана шестата и последна сезона.

Американската сатирична комедија „Наследници“ ја доби главната награда - наградата за најдобра драмска серија, а „Еми“ доби и главниот актер Џереми Стронг. Серијата во продукција на Ејч-би-о освои и награда за најдобро сценарио и режија.

Уште една серија на Ејч-би-о, „Чувари“, освои „Еми“ за најдобра мини-серија. Станува збор за екранизација на легендарниот стрип на Алан Мур кој се занимава со расизмот во Америка.

„Еми“ добија и ѕвездите на серијата, Реџина Кинг и Јахја Абдул Матин.

Зенедаја стана најмладата добитничка на „Еми“ за најдобра актерка во драма, за улогата во „Еуфорија“.

Водител на церемонијата во празниот Стејплс-центар во Лос Анџелес беше комичарот Џими Кимел, на кого му се придружиjа неколку презентери, додека повеќето добитници говорите ги држеа од нивните домови.

emi
Фото: Screenshot/YouTube

Најдобра серија-комедија


„Без воодушевување, молам“
„Мртов за мене“
„Доброто место“
„Несигурна“
„Комински методот“
„Шитс крик“ - победник
„Што правиме во сенките“

Најдобра драмска серија


„Подобро јавете му се на Сал“
„Круната“
„Приказната на робинката“
„Убивањето на Ева“
„Мандалоријан“
„Озарк“
„Почудни нешта“
„Наследници“ - победник

Најдобра кратка серија

„Мали пожари насекаде“
„Госпоѓа Америка“
„Неверојатно“
„Неортодоксна“
„Чувари“ - победник

Најдобар актер во главна улога во серија-комедија


Ентони Андерсон, „Црнести“
Дон Чедл, „Црн понеделник“
Тед Дансон, „Доброто место“
Мајкл Даглас, „Комински методот“
Јуџин Леви, „Шитс крик“ - победник

Рами Јусуф, „Рами“

Најдобра актерка во главна улога во серија-комедија


Кристина Апелгејт, „Мртов за мене“
Рејчл Броснахан, „Прекрасната госпоѓа Мејзл“
Линда Карделини, „Мртов за мене“
Кетрин О'Хара, „Шитс крик“ - победник

Иса Рае, „Несигурна“
Трејси Елис Рос, „Црнести“

Најдобар актер во главна улога во драмска серија


Џејсон Бејтман, „Озарк“
Стерлинг К.Браун, „Ова сме ние“
Стив Карел, „Утринско шоу“
Брајан Кокс, „Наследници“
Били Портер, „Поза“
Џереми Стронг, „Наследници“ - победник

Најдобра актерка во главна улога во драмска серија

Џенифер Анистон, „Утринско шоу“
Оливија Колман, „Круната“
Џоди Комер, „Убивањето на Ева“
Лора Линеј, „Озарк“
Сандра Оу, „Убивањето на Ева“
Зендаја, „Еуфорија“ - победник

Најдобар актер во главна улога во кратка серија или ТВ-филм

Џереми Ајронс, „Чувари“
Хју Џекман, „Лошо образование“
Пол Мескал, „Нормални луѓе“
Џереми Поуп, „Холивуд“
Марк Рафало, „Знам дека ова е вистина“ - победник

Најдобра актерка во главна улога во кратка серија или ТВ-филм


Кејт Бланшет, „Госпоѓа Америка“
Шира Хас, „Неортодоксна“
Реџина Кинг, „Чувари“ - победник
Октавија Спенсер, „Самонаправена“
Кери Вашингтон, „Мали пожари насекаде“

Целосната листа со победници можете да ја погледнете ТУКА.

Извор: B92.net | CNN
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот