X
 21.10.2021 Култура

Изложба на академик Васко Ташковски во Даут-пашиниот амам

Еден од водечките претставници на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, академикот Васко Ташковски, во соработка со Националната галерија, вечерва во 20 часот во Даут-пашиниот амам ќе ја претстави изложбата на која ќе бидат изложени слики, акварели и цртежи од сите негови творечки фази.  

Васко Ташковски, инаку роден во Нижополе, Битола, покрај сликањето во маслена техника, работел и акварел, цртежи и графика. Има реализирано над 50 самостојни изложби, а учествувал на повеќе групни изложби во земјава и во странство. Добитник е на многубројни награди и признанија, а од 1994 година е дописен член во МАНУ.

фото: ФБ-страница на Национална галерија


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура