X
 21.10.2025 Живот

Како би изгледале „југо“, „застава 101“ и „фичо“ денес? Еден дизајнер реши да ги модернизира

Ласло Наѓ Перге од Суботица отсекогаш бил заљубен во автомобилите, а неговата страст се појавила уште во детството, кога почнал да ги црта и дизајнира своите омилени модели.

Еден ден тој открил нови можности во графичката програма „Прокриејт“ и почнал да експериментира.

Неговиот омилен модел „југо“ толку многу го инспирирал што решил да го „оживее“ во модерно издание. Кога почнал со работа, формата и деталите го маѓепсале до таа мера што едноставно не можел да престане.


Овој цртеж го споделил на својот инстаграм-профил, а позитивните реакции од публиката го инспирирале да продолжи со својата работа.

Оттогаш постојано работи на редизајн на старите модели на „Застава“. Потоа ја претставил својата визија за тоа како би изгледале „фичо“ и „застава 101“ во модерно време.

Во моментов работи на редизајн на моделите „застава 1300/1500“ и има многу идеи за други класични модели што планира да ги приспособи на 21 век.


Неговите планови не се само обични цртежи, туку вистински уметнички дела што ја оживуваат автомобилската историја.

Извор: Citymagazine.danas.rs 
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот