X
 21.12.2020 Живот

Забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината

Министерството за здравство информира дека на Главниот координативен кризен штаб е усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки, односно забрана за летови од нашата земја до и кон Велика Британија до крајот на годината.

Дополнително мерката за задолжителна 14-дневна самоизолација за сите граѓани што со директни летови ќе дојдат во земјава од Англија ќе важи и за патниците кои од Велика Британија по копнен пат ќе стигнат во нашата земја.

Комисијата за заразни болести ја усвои мерката за самоизолација на утринскиот состанок превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот се шири во Велика Британија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот