X
 21.12.2022 Образование

Почна со работа градинката брендирана со ликовите од „Светот на Биби“

Денеска во Општина Аеродром официјално беше пуштен во употреба новоизградениот објект „Црвенкапа“ што се наоѓа во рамките на детската градинка „Срничка“. Околу 200 дечиња почнаа да го посетуваат објектот, кој се наоѓа во населбата Стар Аеродром и е изграден на површина од 1.700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на дечињата.

Новата детска градинка „Црвенкапа“, лоцирана во Стар Аеродром во Скопје, доби нов изглед на внатрешноста и сега ја красат ликовите од „Светот на Биби“.

Ликовите од „Светот на Биби“ ја красат градинката „Црвенкапа“ во Аеродром

На настанот свои обраќања имаа градоначалникот Тимчо Муцунски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и директорката на градинката, Александра Јелиќ.



Градоначалникот Муцунски потенцира дека новиот објект е резултат на континуираната работа на претходните две општински администрации, а ги најави и новите два објекта за згрижување на деца кои во 2023 ќе започнат да се градат во Општина Аеродром.

- Нема нешто позначајно од вложувањето во најмладите. Се радувам што по долг период го решаваме проблемот за згрижување на децата од овој дел од Аеродром и со тоа реализираме еден важен проект за граѓаните. Јас како градоначалник и ние како општина остануваме посветени и понатаму на решавањето на предизвикот со недостигот на места во детските градинки и токму оваа посветеност и заложба ќе бидат проектирани во буџетот за 2023 година во кој предвидуваме еден вид инвестициски фокус на проектите за социјална грижа и едукација на најмладите - рече тој.



Од Општината истакнуваат дека нивната визија за Аеродром е децата да растат и да се развиваат во нови, модерни и современи објекти.

- Во нив тие ќе ги стекнат најважните животни навики и ќе се градат како здрави и силни индивидуи. Токму поради тоа, оваа година ја затвораме со избор на идејни решенија за почеток на изградба на една нова градинка и доизградба на капацитетите на градинката „Пчелка 2“ - стои во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование