X
 22.01.2019 Живот

Освојте патување во Лисабон, Будимпешта или Торино

Веб-страницата „Д Локал“ организира натпревар за патување што може да го освојат три пара во три европски возбудливи градови. Целта на натпреварот е да ве обедини со личност која живее во странство, а која ви е блиска, и ќе се сретнете на половина пат во Франкфурт пред заедно да одите на вашата дестинација.

За да учествувате во натпреварот, потребно е да ѝ се придружите на фејсбук-групата за европски патници и да кажете со кого сакате да одите на патувањето и зошто. Бидете креативни, споделувајте видео, фотографии или текст и кажете зошто баш вие треба да победите. Објаснете зошто вашиот однос со таа личност е посебен - трите пара-победници ќе бидат избрани врз основа на нивните вештини за раскажување. Не заборавајте да го искористите хаштагот #MeetHalfway, а треба и двајцата да бидете слободни да патувате на избраниот датум.

ТУКА можете да се пријавите.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот