X
 22.01.2021 Култура

Овој прекрасен и шарен остров ќе биде престолнина на културата во Италија за 2022 година

Малиот и убав остров Прочида ја освои титулата италијански главен град на културата за 2022 година со што стана првиот остров што ја добил оваа титула откако е востановена наградата во 2014 година.

Победата на островот беше објавена во понеделникот од италијанскиот министер за култура Дарио Франческини, кој му честиташе на Прочида, велејќи дека ќе ја придружува Италија во годината на нејзиното повторно раѓање.


Прочида беше единствениот остров меѓу десетте финалисти, а титулата ќе ја преземе од Парма, која ја освои и во 2020 и во 2021 година, а потоа, во 2023 година ќе ја предаде на градовите Бергамо и Бреша - оние кои беа најмнгоу погодени од Ковид-19 во Италија.

Според последната изјава на комисијата за Престолнина на културата, визијата на Прочида (насловена како „La cultura non isola“ - „Културата не се изолира), е способна да пренесе поетска порака, визија за културата што се протега од малата реалност на остров како добра желба за сите нас, за земјата, во месеците што доаѓаат.


Сместен во Неаоплскиот Залив во архипелагот на Флегрејските Острови, Прочида е мал остров со не повеќе од 10.000 жители и долга историја која датира од околу 15 век пр.н.е.

Разнобојните куќи на островот, типични за медитеранската област, инспирирале писатели и режисери - од антички римски поети како Вергилиј до современи автори како Елса Моранте, чиј остров Артуро е поставен веднаш на Прочида; до режисери како Мајкл Радфорд и Ентони Мингела, кои ги снимија нивните филмови „Поштар“ и „Талентираниот господин Рипли“ токму на островот.

Извор: Lonely Planet
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура