X
 22.02.2017 Образование

Техники за побрзо учење

Сте се запрашале ли некогаш дали постои начин за побрзо да ги научите лекциите и да не го заборавите наученото? Одговорот на ова прашање е позитивен. Постојат пет техники кои можат да ви помогнат.

1.    Мерење на помала единица за успех

Кога се соочувате со материјал кој едноставно имате проблем за да го совладате обидете се најпрво да сфатите што е она што не го разбирате. Кога ќе го направите тоа, вие всушност го забавувате процесот на учење. Поделете го материјалот во помали делови и работете на секој поединечно па потоа составете ги и совладајте го цел материјал.

2.    Вежбајте додека не ви премине во навика, а потоа продолжете

Секој ден, тренирајте го вашиот мозок да ги завршува работите една по една за да не ја загубите концентрацијата. Кога ќе го направите ова, го спречувате мозокот да оди во милион различни насоки размислувајќи за сето она што треба да го завршите. Кога ова ќе премине во навика, можете да си ја поставите целта и да работите на нејзино остварување.


Фото: Pixabay

3.    Кратки периоди на учење секојдневно се подобри од долги сесии

Најдобро се учи од повторување. Ако учите 6 часа без престан и потоа се обидете да повторите што сте научиле, ќе сфатите дека сте запомниле многу малку. Но, кога ќе учите по малку секој ден и го повторувате наученото почесто, ќе сфатите дека учите побрзо и тоа без многу напор.

4.    Користете различни методи кога учите нешто ново


Кога започнувате со учење на нешто ново, користете повеќе различни методи. Кога ќе видите која метода најмногу ви одговара, држете се до неа. Кога и таа метода ќе престане да дејствува, повторно обидете се со нова.

5.    Преиспитувајте се за да не ги правите истите грешки


Кога учите нови работи, сигурно ќе правите грешки. Не е лошо и ако побарате помош од некого со цел да не дојде до повторно грешење. Две глави размислуваат подобро од една, а и полесно е кога некој ќе ви објасни.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование