X
 22.02.2019 Живот

Оставете го телефонот во кутија и ќе добиете бесплатен ручек за вашето дете

Целта е да промовираме позитивно родителство, позитивна дисциплина

Сите родители што утре ќе се одделат од својот мобилен телефон за време на ручекот во скопскиот ресторан „Амбрела“, ќе добијат бесплатен оброк за своето дете. Сè што треба да сторат е да го остават својот телефон во специјални кутии подготвени за таа намена.
Акцијата ја организираат Филозофскиот факултет од Скопје и „Амбрела“.

- Идејата е да ги мотивираме родителите да комуницираат, да им посветат внимание на своите деца и да ги почитуваат семејните ритуали. Целта е да промовираме позитивно родителство, позитивна дисциплина и родителски стилови првпат во Македонија - велат организаторите.

Филозофскиот факултет и „Амбрела“ во Градскиот трговски центар веќе неколку пати организираа тематски викенди.
Подготвил: В.И.И. / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот