X
 22.02.2021 Живот

Наместо во затвор, Норвежаните што користат дрога ќе бидат праќани на лекување

Норвешката влада предложи промени на законот за употреба на наркотици чија цел е фокусирање на лекувањето наместо на изрекувањето на затворските и паричните казни на лицата кај кои се пронајдени помали количини опијати.

Според податоците на Европската Унија, Норвешка е меѓу првите европски држави по степен на смртност од наркотици.

- Децениските казнувања не успеаја. Веќе нема да стоиме настрана и да гледаме како ги жигосуваат луѓето и ги нарекуваат криминалци, а тие, всушност, се болни - изјави министерката за образование Гури Мелби.

Владата предлага хероинот, кокаинот и канабисот и понатаму да бидат илегални производи кои полицијата може да ги заплени, но да изостане казнувањето на лицата затечени со помали количини од тие опијати. Меѓутоа, тие лица ќе имаат обврска да одат на лекување, а одбивањето на помошта би повлекувало парична казна.

Министерот за здравје Бент Хоје изрази уверување дека младите луѓе би можеле да бидат мотивирани на промена на однесувањето без закани од сила и судски казнувања.

- Новиот закон би го олеснил барањето помош кога им е потребна затоа што нема да мораат да се плашат од затвор или од парични казни - оцени Хоје.

Опозицијата тврди дека новиот закон би довел до зголемување на употребата на наркотиците, а не до намалување.

Извор и насловна фотографија: Bizlife
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот