Кога станува збор за класичната литература, луѓето можат да се поделат во три категории:
1. Оние кои ги прочитале класичните книги.
2. Оние кои се преправаат дека ги прочитале.
3. Оние кои постојано велат дека ќе ги прочитаат, но никогаш не го прават тоа.
Браво за сите оние кои го направиле тоа, меѓутоа не можеме да ги обвиниме останатите категории. Впрочем, класичните романи иако може да изгледаат прилично импресивни, сепак голем дел од нив се доста долги. „Војна и мир“ е 1.400 страни, „Дон Кихот“ е близу 1.000, а „Улис“ на Џејмс Џојс иако не е долга, сепак е, „Улис“.
Но, благодарение на карикатуристот Џон Аткинсон, овие книжевни гиганти повеќе не се застрашувачки бидејќи тој ги претстави во неколку зборови во овие интересни илустрации.
„Војна и мир“ - Сите се тажни. Паѓа снег.
„Плодовите на гневот“ - Земјоделието е за никаде. Патување! Патувањето е за никаде.
„Дон Кихот“ - Човек напаѓа ветерници. Исто така, тој е луд.
„И сонцето изгрева” - Изгубената генерација се пијани. Тие се`уште се изгубени.
„Моби дик“ - Човекот наспроти китот. Китот победува.
„Улис“ - Даблин нешто, нешто, нешто.
„Одисеја“ - На еден воен ветеран потребно му е долго време да се врати дома, потоа ги убива сите.
„Оркански височини“ - Еден вид брат и сестра се заљубуваат. Се` е во магла.
„Валден“ - Еден човек седи надвор две години. Не се случува ништо.
„Злосторство и казна“ - Поради убиството се чувствува лошо. Признава. Оди во затвор. Се чувствува подобро.
„Беовулф“ - Херојот го убива чудовиштето. Бла, бла, бла. Змеј го убива херојот.
„Пеколот“ - Се ослободува пеколот.