Премиерата на првата епизода од осмата сезона на „Игра на троновите“ имаше огромно изненадување: сосема нова најавна шпица.
Уште од првата епизода серијата почнува со истата музика од композиторот Рамин Џавади, со која заедно излегува 3Д-мапа на Вестерос и Есос - измислените локации во серијата.
Првичната идеја беше да се прошетаат гледачите низ измислениот свет на Џорџ Р. Р. Мартин, на истиот начин на кој читателот на една книга би се ориентирал со мапа што се наоѓа на првите страници на романите на Џорџ Р. Р. Мартин. Анимацијата се движи како да има механизам на часовник. Гледаме замоци, дрвја и мостови што извираат од земјата и се креваат, додека музиката свири во заднина.
Но сега, со последната сезона на „Игра на троновите“, најавната шпица целосно се промени.
Во осмата сезона можете да видите дека Ѕидот паднал, армијата на Белите шетачи е упатена кон Винтерфел, а Серсеј планира битка. Иако овие локации и претходно беа на најавната шпица, сега се целосно изменети. Има огромна дупка во Ѕидот и сини плочки се превртуваат додека армијата на Ноќниот крал напредува кон Винтерфел.
Падна ѕидот и повеќе го нема Иствоч/Фото: НВО
Сините плочки го следат напредокот на Ноќниот крал и неговата армија/Фото: НВО
Најавната шпица сега нè води во внатрешноста на Винтерфел и во Големиот ходник каде што се собираат водечките семејства на Северот
Фото: НВО
Освен тоа, шпицата ја покажува и криптата на Винтерфел/Фото: НВО
Во Кингс Лендинг ја гледаме иконската соба на тронот, домот на Железниот трон/Фото: НВО